Саботната програма во Серија А заврши со натпреварот меѓу Венеција и Интер, на кој миланскиот великан славеше со 2:0 и се доближи до самиот врв .
Фудбалерите на Интер ја заокружија саботната вечер со победа во 14. коло од Серија А. Интер го совлада домаќинот со 2-0 на гостувањето во Венеција и се одвои од Аталанта, која накратко ги престигна претходно . Оваа победа значи и дека Интер заостанува само бод зад Милан и Наполи кои имаат натпревар помалку и ги исполнуваат обврските во недела. Нероаѕурите беа многу подобар тим, но до самиот крај постигнаа само еден гол.
Голот за водство беше постигнат во 34. минута кога погоди Хакан Чалханоглу, а конечните 2-0 и удвојување на водството ги донесе Лаутаро Мартинез со гол од пенал во петтата минута од продолжението.
https://www.dailymotion.com/video/x85x7fn
Со тоа е прекината серијата од три натпревари без победа над Венеција која е на 15. место во лигата со 15 бодови.