Актуелниот првак Манчестер Сити без поголема мака обезбеди полуфинале во ФА-Купот, откако попладнево со 4-1 славеше на гостувањето кај Саутепмтон, па вечерва Ливерпул или Нотингем Форест ќе ја комплетираат четворката која ќе продолжува да се бори за трофејот во најстарото островско натпреварување.
Сити на Саутемптон им даде само мала надеж дека може да направат изненадување откако Емерик Лапорт си даде автогол во самиот финиш од првиот дел после водството на „граѓаните“ со голот на Рахим Стерлинг во 12-та минута од мечот, но потоа во вториот дел, првакот стави во „втора брзина“ и практично го распарчи противникот.
Кевин Де Брајне во 62-та минута даде гол за второ водство, а потоа Фил Фоден и Ријад Марез за три минути од 75-та до 78-та минута дадоа два гола за да ја запечатат победата.