Дури пет гола беа постигнати во првото полувреме, а серијата ја отворија домаќините преку Хофман во четвртата минута, по што Брандт набрзо израмни на 1-1,
Двете екипи играа атрактивен фудбал и знаеја како да ги искористат своите шанси, па така Бенсебаини и Турам стрелаа во мрежата на гостите за 3-1, а Шлотербек намали на 2-3 пред паузата.
Вистински шок за „милионерите“ следеше на стартот на вториот дел кога Коне погоди за 4-2, по што екипата од Менхенгладбах постигна уште еден гол преку Хофман, но истиот беше поништен поради прекршок.
Менхенгладбах има 22 бода на седмата позиција, додека пред нив е Дортмунд со три бодови повеќе.