Фудбалерите на Фламенго се победници во Купот Либертадорес, што е јужноамерикански пандан на европската Лига на шампионите, откако во синоќешното финале ги совладаа сонародниците од Атлетико Параиренсе (1-0) во меч одигран во Еквадор.
Решавачкиот погодок го постигна Габриел Барбоса, некогашна голема надеж на Интер каде што не се снајде најдобро, во четвртата минута од судиското продолжение во првото полувреме, по што Фламенго умешно ја задржа предноста до крајот. Задачата им беше олеснета и со црвениот картон на противничкиот фудбалер Педро Енрике неколку минути пред популарниот Габигол да ја затресе мрежата. За него тоа беше четврти погодок во третото финале во Копа Либертадорес, што пред него го направиле само уште двајца – Алберто Спенсер и Педро Роша.