Интер и по репрезентативната пауза, продолжи во Серија А – со порази. Трет последователен пораз за „нероаѕурите“ откако Фиорентина успеа да слави на „Џузепе Меаца“ со 0-1.
Поранешниот „миланист“, Џакомо Бонавентура, во 53.минута успеа да го совлада Андре Онана и донесе предност за „виолетовите“. Тоа на крајот се покажа и како конечен резултат на овој натпревар.
Во ревијата на промашувања најмногу се избламира Лукаку, кој успеа и празна мрежа да промаши од два метри, а таа утка четири минути подоцна ја казни Фиорентина, откако Џакомо Бонавентура погоди во мрежата на Интер по одбиената топка од Андре Онана.
Интер имаше шанси да победи, Баерла погоди и дирек, но сѐ што создадоа домаќините, успеаа да го промашат, иако и Фиорентина имаше свои шанси кои не ги реализира, па со 40 бода на контото остануваат во трката за Европа.
Bonaventura ❤️🔴⚫️ https://t.co/LTUlZcyuvz
— Martino Puccio (@MartinoPuccio) April 1, 2023