По победата на Реал во првиот натпревар на денот, 12. коло од Ла Лига продолжи со уште три натпревари, а најголема вест е новиот кикс на Барселона .
Ново лице на клупата, стари проблеми. Фудбалерите на Барселона одиграа само 1:1 на домашен терен против Алавес, во натпреварот од 12. коло на Примера, па агонијата на каталонскиот гигант продолжува и покрај смената на тренерот и заминувањето на Роналдо Куман.
Барселона поведе во 49. минута со голот на Мемфис Депај, а израмни Луис Риоха во 52. минута. Депај ја погоди стативата во финишот, па Барселона трет меч по ред не славеше во Примера. Напаѓачот на Барселона, Серхио Агуеро мораше да го напушти теренот на крајот од првото полувреме поради проблеми со дишењето, што е уште една лоша вест за Блауграна.
Тренерот на Барселона Б, Серхи Бархуан за прв пат го предводеше првиот тим, бидејќи управата е во потрага по нов тренер по смената на Роналд Куман. Со ова реми Барселона ја прекина серијата од два порази и се наоѓа на деветтото место во поредокот со 16 бодови, додека Алавес е 16-ти на табелата со 10 бодови.
ВИДЕО
Претходно, Валенсија го совлада Виљареал на Местаља со 2-0 головите на Уго Гиламон (43) и Карлос Солер во 77. од пенал , а Севиља славеше против Осасуна со 2:0 и сега има ист број бодови како Реал Мадрид и Реал Сосиедад на врвот на табелата