Фудбалерите на Сасуоло ја победија Фиорентина со 2:1 во 27. коло од италијанската Серија А.
Шокантна завршница беше забележана во Реџо Емилија, завршена во корист на домаќините.
Сасуоло водеше со голот на Жуниор Хамед Траоре од 19. минута, имаше сигурни три бода во џебот поради исклучувањето на Џакомо Бонавентура (80. минута), но во самиот финиш следеше драма.
Наследникот на Душан Влаховиќ, Артур Кабрал постигна гол на две минути пред крајот и се чинеше дека гостите од Фиренца земаат важен бод.
Сепак, во четвртата минута од судиското обештетување, Грегори Дефрел прерасна во херој на натпреварот за триумф на Сасуоло.