Поразот од Тотенхем (4:0) и серијата слаби резултати во Премиер лигата придонесоа за промениво Лидс.
Аргентинскиот стручњак Марсело Биелса повеќе не е менаџер на клубот од Елан Роуд, пренесуваат британските медиуми.
Дури 17 примени гола на последните четири натпревари и пост од месец и половина без победа го одбележаа заминувањето на Биелса со споразумен раскин на договорор.
Така, Лидс по три и пол години ќе бара нов менаџер.
Прв кандидат за негов наследник е Американецот Џеси Марш, кој не се прослави во Лајпциг.
Лидс моментално е 16. на табелата во Премиер лигата со 23 бода, само два повеќе од загрозениот Барнли, но со два меча повеќе.