Ливерпул и Арсенал имаа пресметка во дербито на 18. коло во Премиер лигата во битка за врвот на табелата. Средбата на „Енфилд“ понуди многу возбудувања, но и нови ВАР-полемики.
Имено, при резултат 0-1 за „топџиите“, капитенот на Арсенал Мартин Одегард во една ситуација јасно се гледа дека играше со рака. Тој беше спуштен во обид да блокира удар на Салах, а топката го погоди и на тој начин Норвежанецот ја смири.
Судијата Крис Кавана не покажа на единаесет метри, ситуацијата се проверуваше и во ВАР собата, меѓутоа промена на одлуката немаше, иако играчите на Ливерпул протестираа.