Екипата на Севиља е непрепознатлива оваа сезона и има многу лоши резултати. Освојувачот на Лигата на Европа е во долниот дел на табелата на Примера и го чека тешка битка за опстанок, откако во самиот финиш загуби дома од Алавес (2-3) кој е еден од конкурентите во битката за прволигашки статус догодина.

 

Тимот од Андалузија немаше неколку првотимци поради повредени и играчи кои се дел од Африканскиот Куп на Нации, меѓутоа тоа не беше алиби да се потфрли пред својата публика толку многу, така што Алавес имаше предност од 0-2 на полувремето.

Прво во мрежата на Дмитровиќ погоди Тенаглија во 26. минута, па следеше уште еден гол на Гарсија во 40. минута. Избраниците на Кике Санчез Флорез се вратија во самиот финиш, во 70. и 81. минута Рафа Мир и Луис Окампос од пенал донесоа 2-2. Фановите на Севиља чекаа победа со пресврт, ама добија студен туш затоа што Дуарте во 90. минута ги донесе трите бода за Алавес.

Аргентинецот Окампос изведе еден од најоткачените пенали во последните неколку години и постигна гол без да гледа во топката, но иако покажа огромна храброст и тоа го направи при резултат 1:2, на крајот тоа не беше доволно ниту за бод.

Пеналот на Окампос погледнете го ТУКА

Севиља во следната рунда гостува кај лидерот Џирона, додека Алавес го чека домашен дуел со Кадиз.