Шампионот на Германија Баерн Минхен со сигурна победа од 3-0 над Хофенхајм ја отвори 2024 година во Бундеслигата.
Одлична партија демонстрираа фудбалерите на Баерн, во специјални дресови кои ги носеа во чест на Кајзер. Двоен стрелец во мрежата на Хофенхајм беше Џамал Мусиала кој успеа да реализира во 18. и 70. минута, додека точка стави Хари Кејн во екстра-времето.
За Баерн Минхен ова беше тринаесетта победа по 16 одиграни кола во Бундеслигата. Хофенхајм, пак, се наоѓа на седмото место и има само една победа во последните пет одиграни кола.
Во следното коло Баерн е домаќин на Вердер Бремен, додека Хофенхајм гостува кај Фрајбург.
Инаку пред стартот на мечот, „Алијанц Арена“ емотивно се збогуваше со Франц Бекенбауер, германската легенда, иконата на светскиот фудбал кој почина пред неколку дена.
Збогум , Франц Бекенбауер…