Баерн Минхен по две ремија во низа, се врати на победнички колосек во Бундес-лигата со убедлив триумф од 4-0 против Штутгарт. Тимот на Винсан Компани беше без Џамал Мусијала, но Хари Кејн беше звезда на дербито постигнувајќи три гола.
Создаваше прилики и напаѓаше Баерн од самиот старт, меѓутоа во првиот дел мрежите мируваа и немаше голови.
Во второто полувреме кај баварците се разбуди Хари Кејн кој со три гола го сруши ривалот. Прво набрзина во четири минути погодуваше во 57. и 61. минута, а на десет минути пред крајот уште еднаш се запиша во листата на стрелци.
Конечните 4-0 ги постави Кингсли Коман со голот во завршницата од мечот.