Кристијано Роналдо продолжува да ги тресе мрежите во првенството на Саудиска Арабија, откако постигна два погодоци во триумфот на Ал Наср против Ал Адалах со 5-0.
Португалецот го отвори резултатот од пенал во 40. минута, по што во листата на стрелци се запиша Талиска за зголемување на водството на гостите на 2-0.
Роналдо со неговиот втор гол во 66. минута ги донесе гостите на чекор до сигурна победа (3-0), а до крајот на натпреварот погодија Талиска и Јахја.
Ал Наср се наоѓа на второт0 место со 52 бода, односно еден помалку од лидерот Ал-Итихад, а Роналдо стигна до 11 голови и се наоѓа на петтата позиција на листата со стрелци во првенството.