Според она што го прикажа на пет натпревари, Милан заслужи многу повеќе од овие четири бода на пет натпревари од Лигата на шампионите со кои е на прагот на елиминација. Сепак, Росонерите се уште имаат шанса да ја минат „групата на смртта“ како второпласирани и да се пласираат во осминафиналето.
Тие шанси не се големи, но ги има. Пред се, Милан треба утре да го совлада безгрижниот Ливерпул пред 57.000 навивачи и Порто да не го победи Атлетико, но и Мадрид да не го победи Порто со голема разлика. Реми кај Драгау или победа над Атлетик со гол разлика би било идеално сценарио за Росонерите. Се разбира, со победата над Ливерпул.
Јирген Клоп веќе најави дека утре на Сан Сиро ќе го објави комбиниран тим и шанса ќе им даде на “реервистите”.
„Мораме да ротираме. Тоа е очигледно. Но, таквите ситуации ми се допаѓаат бидејќи носат свежи нозе и нова енергија. Тоа е целата поента на ротацијата. Не можам навистина да ви ги кажам почетните 11, но знајте дека нема да го промениме целиот прв состав. Имавме пет натпревари за 14 дена, а исто толку не чекаат и во следните две недели. Во Милано ќе го направиме тоа што треба да го направиме“, најави Клоп дека „црвените“ ќе играат во прилично мешана постава.
Извесно е дека на Ливерпул ќе му недостасуваат некои повредени играчи како Фирмино и Џонс, но и некои играчи како Кеита и Гомез. Алисон, Ван Дајк, Александар Арнолд, Робертсон, Фабињо, Хендерсон, Салах, Мане би можеле да бидат поштедени поради замор.
Стратегот на Милан, Стефано Пиоли е свесен дека растеретениот Ливерпул не е непремостлива пречка.
„Го подготвивме секој детал за овој натпревар. Мораме да бидеме силни бидејќи играме против тим кој е меѓу фаворитите за трофејот“.