Молдавската сензација Шериф Тираспол славеше со 2:0 во првото коло од новата сезона од Лигата на шампионите. Вечерва на домашен терен, „легијата на странци“ во составот на Шериф со головите на Траоре (16’) и на Јансане (62’) покажа дека не случајно е дел од групната фаза на најкомерцијалниот европски фудбалски турнир.

Нашиот репрезентативец Бобан Николов стартуваше на клупата, но доби шанса да ги одигра завршните 5 минути на мечот.

Во вториот дуел Борусија (Д) со три бода се враќа од Истанбул, каде со два гола во првото полувреме го реши победникот на мечот. Белингем отвори во 20. минута, а потоа и асистираше за Халанд во 45+ минута од првиот дел за водство од 2:0.

Иако Бешикташ ја имаше иницијативата во второто полувреме, Борусија остана со празна мрежа се до судиското продолжение, кога Монтеиро успеа да погоди и само да намали на 2:1.