Ливерпул го совлада Милан со 3-2 во неверојатен натпревар на „Енфилд роуд“ кој ни ја прикажа целосната убавина на фудбалот. „Црвените“ поведоа со автоголот на Томори во 9. минута, а само пет минути подоцна можеа да ја удвојат предноста, но Салах не успеа да реализира пенал. Следеше „блиц-крик“ на „росонерите“ кои за само 2 минути преку Ребиќ и Дијаз успеаја да направат целосен пресврт и на пауза да заминат со водство од 1-2.

Во вториот дел Салах се извади за промашениот пенал со голот во 47. минута, додека конечните 3-2 ги постави Хендерсон во 69. минута.

https://twitter.com/ifast222/status/1438232834704134144?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1438232834704134144%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.mozzartsport.com%2F

Пари Сен Жермен и покрај триото Меси, Нејмар, Мбапе не успеа да слави на гостувањето кај Клуб Бриж и одигра само 1-1. Реал Мадрид го совлада Интер со 0-1, а Атлетико Мадрид одигра без голови против Порто.

Голеада видовме во Манчестер, каде Сити го совлада Лајпциг со 6: 3.

РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО: 

Атлетико М. – Порто 0-0

Бриж – ПСЖ       1-1

Интер – Реал М. 0-1

Ливерпул – Милан 3-2

Манчестер С. – Лајпциг 6-3

Спортинг Л. – Ајакс 1-5