Синоќа во Конференциската лига се случи неверојатен пенал на мечот меѓу Гзира (Малта) и Гленторан (С. Ирска), кој се решаваше со удари од белата точка.
Во 13. серија од пеналите, голманот на Гзира, Давид Касар, мислеше дека го одбрани шутот на Џеј Донели и почна лудо да се радува. Но, топката потоа доби чудно движење и се стркала во голот.
Голманот на клубот од Малта веќе славеше еуфорично надвор од гол-линијата, па на крајот всушност прими гол.
За среќа на Гзира, сепак, на крајот тие излегоа како победници.
https://twitter.com/europacnfspain/status/1682145161285910528?s=20