Спарта Прага по долго време се врати на големата сцена во Лигата на шампионите и тоа со убедлива победа против тимот кој е редовен учесник во групната фаза, составот на австриски Салцбург.
Клубот од Чешка им одржа вистинска лекција на „биковите“ прегазувајќи ги со 3-0. Домаќините уште во првиот дел се стекнаа со водство од 2-0 со погодоците на Каиринен во 2-та и на Олатунџи во 42 минута.
И по одморот ништо не се промени, Спарта го имаше првиот удар со кој воедно и ја заврши работата, а тоа беше голот на Лаци во 58 минута.
За разлика од Прага, немаше голови во пресметката меѓу Болоња и Шахтјор Доњецк во Италија. Калчолигашот имаше иницијатива, повеќе удари, ама најголемата шанса за триумф jа пропуштија гостите преку Судаков кој не реализира удар од 11 метри во 4 минута.