За нов тренер на Вaтфорд е именуван поранешниот англиски репрезентативец Рој Хоџсон, а во понеделникот беше отпуштен досегашниот менаџер, Италијанецот Клаудио Раниери.
Под водство на Раниери, Ватфорд собра 14 бода на 20 натпревари и се наоѓа на претпоследното, 19. место во Премиер лигата, а на Италијанецот му пресуди поразот на домашен терен (0:3) од Норич, клубот со кој Ватфорд ќе се бори за опстанок во елитното англиско клупско натпреварување.
Зад 74-годишниот Рој Хоџсон стои богата тренерска кариера која ја започна во 1976 година, која вклучува ангажмани во Ливерпул и Интер и четиригодишен период (2012-2016) поминат на клупата на англиската репрезентација.
Последната тренерска работа на Хоџсон беше во Кристал Палас, со кој минатата сезона успеа да остане во Премиер лигата.
“Поранешниот селектор на Англија ќе биде придружуван од неговиот долгогодишен помошник и доверлив човек Левингтон. Хоџсон и Левингтон веднаш ги започнаа подготовките за следниот натпревар на Ватфорд во Премиер лигата, на гости кај Барнли на 5 февруари”, се вели во соопштението на клубот.