Карим Бензема е човек на вечерта, а богами и човек на осминафиналните натпревари во Лигата на шампионите. Французинот даде феноменален хет-трик и го исфрли ПСЖ (3-1) од фудбалската елита.
„Кралевите“ одат понатаму, а Мадрид доживеа блескава фудбалска ноќ. Фановите во делириум ги славеа головите на нивната најдобра „деветка“, а доста интересно прослави и Давид Алаба.
Австриецот по третиот гол на Бензема во мрежата на Донарума се затрча кон публиката и славеше со столче во рацете. Камерите го уловија тој момент, а прославата стана хит на социјалните мрежи.
https://twitter.com/WolfRMFC/status/1501673904183644160?s=20&t=ak2GUpJ8EHNR-dl-Z463YA
Реал вторпат го елиминира ПСЖ во последната деценија и покажа дека уште не е отпишан меѓу фаворитите за освојување на Лигата на шампионите.