Нигерија се пласира во полуфинале на Африканскиот Куп на нации, со минималната победа над  Ангола со 1-0. Четвртфиналниот натпревар во Абиџан беше одлучен со единствениот гол на Адемола Лукман во финишот на првото полувреме.

 

Ангола беше рамноправен ривал, одигра одлично, двете селекции имаа свои шанси, меѓутоа голови даваше само Нигерија. Освен одлучувачкиот погодок на Лукман во 41. минута, мрежата на Анголците ја погоди и Виктор Осимен во вториот дел, но неговиот гол беше поништен поради офсајд позиција.

Во полуфиналето Нигеријците ќе се судрат со подобриот од дуелот меѓу Зеленортската република и Јужна Африка.