Фудбалерот на Осасуна, Хесус Аресо, на дуелот против Хетафе постигна гол за победа, но не каков било, туку од неверојатна позиција. Тој се „заглави“ со топката во аголот кај корнер-знаменцето, па се реши само да се ослободи од топката, а таа заврши во противничката мрежа за голема победа на домашната екипа. Тоа дефинитивно беше неверојатен гол за насловни шпици.

 

А вака постигнуваше голови легендарниот бразилски бек Роберто Карлос.