Италијанскиот првак Интер ја запиша 19-та победа и тоа после брзи два гола за седум минути, во првите половина час од мечот со Верона (2-0). Неразурите со оваа победа бодовно се израмни со Наполи, а дојде на еден од лидерот Милан по  32. коло во Серија А.

Две асистенции на хрватската ѕвезда Иван Перишиќ во 22-та минута за водство и гол на Николо Барела, па во 30-та за погодок на Един Џеко, го решија мечот. Потоа „нераѕурите“ само рутински го приведоа мечот до крајот и запишаа победа, втора во низа, за да фатат завршен залет кон нова шампионска титула.

Интер после ова коло, без оглед како ќе завршат исходите на мечевите на директните конкуренти Милан и Наполи, ќе има меч помалку, одложениот со Болоња, за кој миланскиот великан бара службена победа во хаотичниот период зимоска со ковид-19, кога дојдоа на „Ренато Дал’Ара“, но домаќините не се појавија зашто здравствените власти ги ставија во изолација поради бројни позитивни членови на тимот.

Верона со 11-от пораз сезонава остана на 45 бода и деветото место.