Тимот на Барселона ќе игра во финале за титулата во Суперкупот на Шпанија, откако во полуфиналниот дуел во Џеда во Саудиска Арабија, го победи Атлетик Билбао со 2-0.

Тимот на германскиот стратег Ханси Флик беше подобар и заслужено стигна до триумфот.

Гави со својот прв гол по повредата донесе водство за каталонците во 17 минута на асистенција на Балде. Педри одлично го проигра Балде по левата страна, овој нафрли по земја во шеснаесетникот, а Гави со прецизен удар ја погоди мрежата на Атлетик.

 

На стартот на вториот дел сега токму Гави испрати една маестрална топка до Јамал кој имаше страшен прием а потоа елегантно го матира Унаи Симон за солидно водство од два гола за каталонците. Потоа Левандовски во 55 минута не реализираше 100 процентна шанса за 3-0 по што следуваше мирен период до самата завршница во која баскијците постигнаа два гола во 82 и 87 минута, меѓутоа и двата беа поништени поради недозволени офсајд ситуации.

https://twitter.com/i/status/1877072438338466057

 

 

https://twitter.com/i/status/1877086955013394874

Во дуелотот за трофејот каталонскиот гигант ќе се судри со победникот од второто полуфинале, каде Реал Мадрид е голем фаворит против екипата на Мајорка, па може да очекуваме уште едно спектакуларно „Ел Класико“.