Спортинг Лисабон гo победи Лил со 2-0, со головите на Ѓокереш и на Дебаст.
Уште во првото коло во новиот формат во Лигата на шампионите, веќе има два гола кои се кандидати за наградата Пушкаш.
Првиот е на Кенан Јилдиз од Јувентус, кој постигна супер гол на дуелот со ПСВ Ајднховен. Турчинот постигна гол за 1-0 во стилот на Алесандро Дел Пјеро, и стана најмладиот стрелец за Јуве во Лигата на шампионите.
Но, уште поубав беше оној на Дебаст од Спортинг Лисабон. Белгиецот од 25 метри упати силна „бомба“ која експлодираше во голот на Лил. Францускиот тим играше со играч помалку поради исклучувањето на Ангел Гомеш уште во првото полувреме поради два жолти картони.