Манчестер јунајтед ја оправда фаворитската улога и триумфираше со 7-0 против тимот на Барнсли и се пласира во осминафинале на Карабао Купот.
„Црвените ѓаволи“ фуриозно нападнаа од самиот почеток, а во 16 минута Рашфорд ја затресе мрежата на ривалот, по што погодија Антони и Гарначо.
Во второто полувреме Гарначо и Рашфорд повторно беа стрелци и зголемија на 5-0, додека конечниот резултат го постави Ериксен со два голови.
Претходно Евертон загуби на пенали од Саутемптон, додека Кристал Палас го совлада КПР.