„Лавовите“ победата ја најавија уште по пет минути игра откако Емир Скендери погоди за водство, а 19 минути потоа Ермедин Адем го дуплираше водството и на крај оваа воведна третина од мечот се покажа како клучна за победата на ѓорчепетровци, кои ја продолжуваат битката за одбрана на пехарот.
Овој меч требаше да се игра пред две недели, но поради настапот на младинскиот тим на прилепчани во младинската ЛШ беше одложен. Претходно Академија Пандев, Шкендија, Шкупи, Вардар, Струга Трим Лум, Брегалница и Силекс обезбедија пласман во четвртфиналето.