Аргентина без проблеми ја совлада Костарика и победи на натпревар на кој не играше капитенот Лео Меси, а конечниот резултат можеше да биде и поубедлив од 3:1.
Светскиот шампион се почесто покажува дека поседува доволно добар арсенал на оружја и без Меси, но хајлајт од натпреварот против Костарика е невнимателниот потег на Нико Гонзалес.
Фудбалерот на Фиорентина беше во стопроцентна шанса да постигне гол, успеа да го надмудри и голманот Кејлор Навас, но беше крајно индолентен и мислеше дека е осамен пред голот.
Нико ја остави топката сама да влезе во голот, а тоа му овозможи на Кирош да реагира на гол линијата и да спречи чист погодок.
Дефанзивецот му се прикраде од зад грб на Нико и ја расчисти опасноста, а репрезентативецот на Аргентина не беше свесен што точно се случи.
https://twitter.com/i/status/1772892383580971217