Тимот на Барселона стигна до тешка победа дури во самиот финиш на гости кај Селта Виго со 1-2 во 25. коло од шпанската Примера. Каталонскиот гигант доби пенал во 93. минута, Левандовски го промаши првиот обид, но судиите го вратија на белата точка откако домашниот голман предвреме ја напушти гол-линијата.
Во првото полувреме беше постигнат само еден гол, а радоста беше на страната на гостинските навивачи. Роберт Левандовски одлично се снајде на работ од шеснаесетникот по асистенција на Јамал, шутираше прецизно во 45. минута и Барса дојде во водство со 0-1.
Во второто полувреме се започна со поактивна игра и Селта се обиде со сите сили да се врати во дуелот. Домаќините тргнаа фуриозно што веднаш вроди со плод, а стрелец на погодокот беше легендарниот Јаго Аспас, кој стана фатален за Барса. Тој по едно луцидно додавање од Мингуеза шутираше во 47. минута, топката го погоди Кунде и го промени правецот, па Тер Штеген беше совладан. Барса немаше намера лесно да се откаже од целиот плен и трите бода, создаде уште неколку добри шанси, а наградата пристигна во судиското надополнување, кога беше фаулиран Јамал, а Левандовски од пенал ја донесе победата за гостите.
https://twitter.com/i/status/1758938144383328354Протестите на домашните фудбалери беа големи, но судиите беа убедени во својата одлука и на крајот Барселона триумфираше со 1-2. Тимот на Чави Хернандез стигна до 54 бода и има седум помалку од водечкиот Реал Мадрид, додека Селта го запиша тринаесеттиот пораз оваа сезона и се наоѓа на првото место над опасната зона со вкупно 20 бодови на своето конто.