Манчестер сити одигра 1-1 против Челси во дербито од 25. коло во Премиерлигата, откако Пеп Гвардиола повторно не најде решение за гигантот од Лондон.
Средбата тргна со шанса за домашната екипа преку Хулиан Алварез кој со глава биеше крај голот. Следеа обиди на Џексон и Стерлинг, меѓутоа безуспешно. Резултатот во Манчестер го отвори поранешниот играч на Сити, Рахим Стерлинг кој во 42. минута по проигрување од Џексон го матира голманот Едерсон за 0-1.
„Граѓаните“ доминираа во продолжение од средбата и се закануваа кон голот на гостите, но Челси успешно се бранеше сè до 83. минута кога Родри го спаси домаќинот од пораз.
Манчестер сити е трет во лигата со 53 бодови, односно пет помалку од лидерот Ливерпул, додека Челси е на 10. позиција со 35 бода.