Фудбалерот на БАРСЕЛОНА, Усман Дембеле во вторникот играше за прв пат оваа сезона, откако се повреди пред речиси пет месеци на Европското првенство. Тој доби околу 30 минути во Лигата на шампионите во победата над Киев Динамо и се изгледаше добро, но денеска Барселона објави нова лоша вест.

Имено, Дембеле го истегна мускулот на задната ложа и не се знае кога ќе се врати. Каталонскиот клуб штотуку изјави дека „неговото закрепнување ќе диктира кога ќе се врати“.

https://twitter.com/FCBarcelona/status/1456249146999021570?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1456249146999021570%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fnevjerica-u-barceloni-dembele-zaigrao-prvi-put-ove-sezone-pa-se-opet-ozlijedio%2F2315794.aspx

Да потсетиме, Барселона го купи Дембеле во 2017 година од Дортмунд за 135 милиони евра. Досега играше само 119 пати во сите натпреварувања и постигна 30 голови.