Велшкиот интернационалец Герет Бејл на крајот од сезоната го напушта Реал Мадрид како слободен играч, а веќе одлучил каде ќе ја продолжи кариерата. Иако сите очекуваа враќање во Премиер – лигата или можеби заминување во САД, сепак, Герет Бејл подготви вистинско изненадување.
Италијанските медиуми откриваат дека Герет Бејл доаѓа во – Рома! Наводно тој по телефонскиот разговор со Жозе Мурињо одлучил да се пресели во Рим. Португалскиот стратег го советувал прво да игра две или три сезони на „Олимпико“, а потоа да се пресели во МЛС – лигата.
Рома презеде акција и клупските челници се подготвени да му понудат на Бејл двегодишен договор и плата од 12 милиони евра по сезона. Самиот Бејл наводно е многу заинтересиран, сака да игра во Италија, а наводно веќе ги известил пријателите за неговиот план.