Екипата на Вараждин победи против Рудеш со 1-0 во натпреварот од 22. коло на хрватската лига, а голот за победа го постигна македонскиот фудбалер Димитар Митровски.
Решавачкиот момент се случи во 67. минута кога Вукчевиќ испрати одлична топка од десната страна на теренот, а Митровски со глава го совлада голманот на гостите.
Вараждин има 25 бодови на осмата позиција во првенството, додека ова за Митровски беше трет гол во првенството, има и една асистенција.