Уште една потврда на квалитетот на нашиот репрезентативец Езгијан Алиоски. Иако официјално не е завршен шампионатот во Саудиска Арабија, каде игра популарниот Џани и тоа во тимот на Ал Ахли, тој сепак се најде во тимот на сезоната во елитната лига на оваа земја.

И тоа со право ако се знае дека Алиоски во целост ги оправда очекувањата на челниците на својот тим, а стана и миленик на фановите на овој клуб.

Image