Тео Ернандес постигна погодок кој може да биде прераскажуван со децении од фановите на Милан, бидејќи истиот го доближи тимот на само еден бод од шампионско славје.
Левиот бек претрча 70-тина метри и го матираше голманот на Аталанта, па по средбата откри дека тоа му била првичната намера кога ја прифатил топката на работ од својот шеснаесетник.
– Јас правам се за овој тим, играм на сите страни. После толку долго време, навивачите на Милан се среќни и тоа ме прави горд. Објаснување за голот? Кога ја примив топката, тргнав да трчам и си помислив дека ќе одам до самиот крај. Тоа беше неверојатен гол и се излезе како што требаше, но истиот немаше да се случи без напорната работа на соиграчите и неверојатната поддршка од публиката, – изјави Ернандес.