Манчестер јунајтед го очекуваат големи промени по пристигнувањето на тренерот Ерик Тен Хаг, па се очекува неколку фудбалери да заминат, меѓу кои се Немања Матиќ и Пол Погба, а се шпекулираше и за иднината на Кристијано Роналдо.

Роналдо кажа дека сака да остане на „Олд Трафорд“, но тоа зависи од новиот тренер, кој во интервју за „Де Телеграф“ кажа дека сака да го задржи Португалецот во тимот и следната сезона.

„Роналдо постигна многу успеси во кариерата и покажа дека сè уште е амбициозен. Секако дека би сакал да го задржиме. Тој е многу важен за Јунајтед и тоа го покажа оваа година“, вели Тен Хаг.