Последен пат кога Жирона победи беше на 9 септември против Валјадолид со 2-1 и оттогаш немаше триумф во седум меча по ред, со четири порази и три ремија во кризниот период. Лопез во 67-та и Мартин во 75-та ја обезбедија победата, а Атлетик во 78-та даде гол за да се врати во мечот преку Гурузета, но не успеа да се спаси од пораз.
Жирона со третиот триумф сега има 13 бода и е на 12-то место, додека Атлетик го доживеа четвртиот сезонски пораз и остана на 21 бод на шестата позиција.