Борусија Менхенгладбах го победи Штутгарт со 3-1 и стигна до петтиот триумф во Бундес-лигата оваа сезона. Јонас Хофман и Маркус Турам донесоа два гола предност за домаќинот, а намали Тијаго Томас во 35.минута.

Сепак, во финишот Патрик Херман го потврди триумфот на Борусија Менхенгладбах.