Удинезе кој го имаше најдобриот старт во сезоната во својата историја влезе во сериозна криза и веќе нанижа пет меча по ред во Серија А без победа, а шест севкупно со поразот и елиминацијата од Монца во Копа Италија.

Удинезе вечерва ремизираше 1-1 и точно еден месец е без триумф откако на 3 октомври последен пат победи во Верона со 2-1. Бето во 68-та минута даде гол за израмнување, откако Лече преку Коломбо во 33-та даде гол за водство, а македонскиот репрезентативец Илија Несторовски не доби шанса и остана само резерва на овој меч.

Удинезе има шест победи и пет ремија во 13 меча и со 23 бода е седми на табелата, за разлика од Лече кој со шестото сезонско реми има 9 бода и е прв над опасната зона на 17-та позиција.