Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас првпат беше стартер во тимот на Лајпциг во Бундес-лигата, а неговиот тим успеа да триумфира над Дармштат со 2-0. Елмас го одигра првото полувреме, имаше неколку изгледни шанси, но не успеа да постигне погодок. Лајпциг поведе со автоголот на Ишервуд во третата минута, а вториот гол го постигна Баумгартнер во 50.минута.