Тренерот на Рома, Жозе Мурињо уште еднаш се конфронтираше со новинарите на прес-конференција во пресрет на неделниот натпревар со Сампдорија. Овој пат негова мета беше Алесандро Аустини, новинар кој го критикуваше на радио, а потоа постави прашање на прес-конференцијата.

„Очекував многу пожешко прашање од тебе. Те слушнав вчера на радио, беше многу поагресивен, многу повеќе критикуваше, беше пожесток. Не очекував толку лесно прашање. Дојдов до заклучок дека многу си агресивен и многу жесток на радио“, а кога дојде овде пред мене, се посра“, му рекол Мурињо.