Ибрахимовиќ има 41 година и 172 дена, па со настапот во поразот на викинзите од Белгија, го надмина Дино Ѕоф и неговите 40 години и 90 дена во 80-те години од минатиот век. Само што, во овој евроквалификациски циклус за ЕП 2024 во Германија кој стартуваше, во малиот Гибралтар има ветеран кој е за четири дена постар од Ибра.
Ли Каскиаро со 41 година и 176 дена е најстариот фудбалер кој играл евроквалификации, а настапи против Грција во поразот на Гибралтарците. Инаку Каскиаро е еден од најпознатите играчи на Линколн и Гибралтар.
Всушност Ибрахимовиќ не ни стигна да постави рекорд, зашто влезе во 73-та минута, а Каскиаро играше од почеток, па така Швеѓанецот сега е втор највозрасен кој настапил во натпревар за континентален шампионат.