Португалците ја остварија и втората победа во квалификациите за Европско првенство, откако славеше над Луксембург на гости со 6-0, а два од головите ги постигна Кристијано Роналдо.
Роналдо ја започна голгетерската канонада на Португалија во деветтата минута, а гол шоуто го продолжија Жоао Феликс и Бернардо Силва до 18. минута. Потоа следуваше и втор гол за ѕвездата на саудискиот Ал Наср па гостите на полувреме заминаа со 4-0.
Уште два гола беа постигнати во вториот дел од натпреварот, откако најпрво Отавио зголеми на 5-0, а потоа Рафаел Леао погоди за конечни 6-0.
На останатите натпревари Италија ја совлада Малта со 2-0, Финска беше подобра од Северна Ирска со 1-0, а Словачка ја реши Босна и Херцеговина со 2-0.