Фелипе Кутињо пред четири години дојде од Ливерпул во Барселона за 135 милиони евра. Оттогаш неговата пазарна вредност падна на речиси една десетина од таа сума, а тој ќе проба да ја спаси кариерата во Астон Вила каде дојде на позајмица откако Барса го отпиша.

Сепак, во репрезентацијата на Бразил брилјираше на натпреварот против Парагвај во квалификациите за Светското првенство. Неговиот тим победи со 4-0, а Кутињо го постигна вториот гол со одличен удар од околу 25 метри. Голот предизвика делириум на трибините во Бело Хоризонте.

Standings provided by SofaScore LiveScore