Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас прослави убав јубилеј во дресот на Наполи откако вечерва на дуелот против Сасуоло го одигра 100. меч за тимот од Неапол. Но, „наполитанците“ испуштија победа откако водеа со 0-2, а на крајот мораа да се задоволен со 2-2 на ова гостување.

Фабиајн Руис и Дрис Мертенс донесоа предност од 0-2 за Наполи по еден час игра, но во следните триесетина минути Сасуоло стигна до израмнување. Џанлука Скамака намали во 73.минута, а Џанмарко Ферари израмни во 89.минута.

Standings provided by SofaScore LiveScore