Интер, и покрај обезбедената шампионска титула, продолжува цврсто да гази во Серија А. Новиот шампион на Италија со убедлива победа на гости кај Фрозиноне (0-5) освои нови три бода во 36. коло.
Четата на Симоне Инзаги уште пред две недели започна да ја слави новата титула, која е јубилејна дваесетта во клупската историја. Но, и покрај тоа „нероазурите“ не се опуштија и докажаа дека посакуваат достојно да го завршат шампионатот.
Средбата во Фрозиноне донесе не така атрактивно и ефикасно прво полувреме, но и лудо и моќно второ полувреме на Интер. Во првите 45 минути беше постигнат само еден гол, откако Фратези погоди за 0-1, додека во вторите, особено во самиот финиш, гостите беа немилосрдни и заслужено стигнаа до нова убедлива победа. Арнаутовиќ зголеми на 0-2, а во периодот од 77. до 84. минута во листата на стрелците се запишаа уште новајлијата Буканан, Мартинез и Турам.
https://twitter.com/i/status/1789025383729209503До крајот на сезоната Интер треба да одигра уште два натпревари – против Лацио во следното коло и во последната рунда против Верона.