Штутгарт ќе преноќи на втората позиција на табелата во Бундеслигата откако го совлада Аугсбург со 1-0.

Стрелец на единствениот гол на мечот беше најдобриот играч на Штутгарт, Гираси кој постигна гол на почетокот на второто полувреме.

Штутгарт сега е на второто место во Бундеслигата со бод повеќе од Баерн Минхен. Баварците во недела го играат својот меч, на домашен терен против Волфсбург.

Решавачкиот гол го постигна најдобриот стрелец на тимот, Сехру Гираси, во 48. минута. Милот испрати фантастична асистенција од својата половина, а Гираси по 26-ти пат сезонава ја погоди мрежата во Бундеслигата.

Во последното коло Штутгарт на свој терен ќе го пречека тимот на Борусија Менхенгладбах, додека Баерн Минхен сезоната ќе ја заврши на гости кај Хофенхајм.