Фудбалерите на Јувентус и покрај драстичната казна од минус 15 бодови продолжува да игра како ништо да не било во обид и покрај тоа да дојде до излез во Европа, па како гости, славеа во дерби пресметката со Интер (1-0).

Автор на триумфот беше Филип Костиќ во 23. минута, кој со снајперски шут ја погоди небранетата десна страна на домашниот голман, на што, според домашните, имаше индиции за игра со рака. Ситуацијата долго се проверуваше во ВАР, но на крај одлуката беше дека погодокот е регуларен. До крајот гледачите видоа класичен италијански натпревар, со цврста одбрана на гостите, кои издржаа до самиот крај.

 

Интер со ова падна на третата позиција со 50 бодови, два помалку од Лацио и дури 21 од лидерот Наполи, додека Јуве останува седми со 41 бод, четири помалку од Аталанта која е на последното место што води во Европа.

https://twitter.com/ZZiliani/status/1637550453104705537?s=20