Златан Ибрахимовиќ има 40 години, но сепак игра на високо ниво и е еден од носителите на играта на Милан, кој годинава се бори за титулата во Серија А.
„Која е тајната на мојата долговечност? Тоа е мојот менталитет. Тренирам на ист начин како што играм. Секој ден е финале. Беше тешко вториот пат кога дојдов во Милано, но направивме тим. Направивме уникатна атмосфера“, изјави Ибрахимовиќ, кој стана само третиот фудбалер со 300 и повеќе постигнати голови во Топ 5 лигите во Европа во овој век, заедно со Кристијано Роналдо и со Лионел Меси.
Шведскиот ас и покрај фантастичната кариера не успеа да дојде во главното индивидуално фудбалско признание.
„Златната топка е голема, значајна награда, но не ми треба за да покажам дека сум најдобар“, истакна Ибрахимовиќ.
40-годишниот напаѓач оваа сезона на десет натпревари во италијанскиот шампионат постигна седум гола и запиша две асистенции.