Српскиот голгетер Душан Влаховиќ игра во одлична форма, па вечерва постигна уште еден гол за Јувентус, и тоа од слободен удар за водство на „Старата дама“ од 1-0 против Специја.

На идентичен начин и како против Рома, Влаховиќ успеа да испрати одличен удар и да го совлада голманот на гостите.